среда, 26. февруари 2020. Вести денес: 0
home Вести

Двете лица на ОЈО: Мајка за провладини новинари, маќеа за „обичните“ граѓани

Двете лица на ОЈО: Мајка за провладини новинари, маќеа за „обичните“ граѓани

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице кое се товари дека сторило продолжено кривично дело – Загрозување на сигурноста од член 144 став 4 во врска со член 45 од Кривичниот законик.

Како што се вели во соопштението, обвинетиот во периодот од 23.07.2019 година до 24.07.2019 година во повеќе наврати извршил временски поврзани дејствија кои што претставуваат повеќекратно остварување на истото дело. Тој е обвинет дека преку информатички систем, на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук, објавил повеќе закани дека ќе стори кривично дело. Заканите биле упатени кон Зоран Заев, при што во објавените коментари обвинетиот повикувал на физичка ликвидација на оштетениот и ја загрозил неговата сигурност.

Се би било во ред со оваа вест, некој можеби и би ја пофалил ажурноста на ОЈО Скопје, кога истото не би имало крајно двојни аршини.

За потсетување, провладини новинари како Бранко Тричковски испраќаа вакви јавни закани директно од своите колумни и ФБ статуси и до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и до екс претседателот на државата Ѓорѓе Иванов, а на ОЈО му требаше многу долго време само за да почне да го разгледува случајот.

По кусото разгледување, ОЈО Скопје тогаш експресно го ослободи Тричковски и образложи: „По проучување на сите елементи, јавниот обвинител оцени дека пријавените дела не се дела за кои се гони по службена должност, односно дека во пријавените предметни настани не се содржани суштествените обележја на пријавените кривични дела.“

Јавноста остана во прашалници, затоа што неговите статуси и колумни им беа познати на сите, а описот на ОЈО не одговараше со соддржината. Тогаш природно се наметна прашањето, дали ОЈО читале некои други статуси на Тричковски?

За потсетување, еве што невиниот, според ОЈО, Тричковски напиша: „А да го киднапираме Мицкоски и да му ги извадите сите партиски органи?“

За поранешниот претседател  Иванов, статусот на Тричковски беше уште подиректен и крајно некрофилски настроен: „Луѓето имаат природно право да се качат на Водно и да го обесат на првиот лустер. Да го наденат на некое александриско копје и да го фиксираат во мозаикот на Чемерски. Покрај глупавите здрвености на неговите гардисти. Да го мумифицираат во позата на Лудакот од Паљурци. Да го наредат покрај некоја тараба како мало смешно Чаусешче и да го стрелаат. Без Маја. Молам. Тој е вмро-дпмне, вмро-дпмне е тој“-

За Гордана Јанкуловска, пак, Тричковски напиша: „Од аспект на бебето, нема разлика дали злосторничката го носи во утробата или ќе го фрли во контејнер…“

Професионалниот новинар не го штедеше ни екс премиерот Никола Груевски, ниту колегата Александар Чомовски: „Најдобро би било да се убие во Топ-тема кај Чом. Ако во истата одвратност успеее да стане и да го убие и водителот, ќе може да смета дека се рехабилитирал за половина од злото што и го има направено на Македонија!…“

Прашањето на јавноста е што читале ОЈО, дали воопшто читале и дали граѓанинот сега обвинет за закани кон Заев ќе се приведе и затвори, додека убијците од Смиљковското езеро прават селфија со истиот тој Зев пред суд по неговото сведочење во кое посведочи дека ги лажел родителите на четирите егзекутирани момчиња.