вторник, 22. јуни 2021. Вести денес: 0
home Вести

Две собраниски комисии ќе одржат седници

Две собраниски комисии ќе одржат седници

Во Собранието на Република Северна Македонија денеска седници треба да одржат Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и Комисијата за култура.

Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците ќе расправа по Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за основање државна комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор сепен во второ читање.

На дневен ред на седницата на Комисијата за култура се Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за аудиовизуелните добра, по скратена постапка, Предлог – закон за изменување и дополнување на Законот за музеите, Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за меморијалните споменици и спомен обележјата и Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за издавачката дејност, по скратена постапка во второ читање.

Најнови вести

ЕУРО 2020

Македонија