среда, 23. септември 2020. Вести денес: 173
home Вести

Две седници на Законодавно-правната комисија

Две седници на Законодавно-правната комисија

Во Собранието на Република Северна Македонија денеска две седници ќе одржи Законодавно-правната комисија.

Единствена точка на дневниот ред на првата седница е Предлог законот за гаранција на Република Северна Македонија на обврските по Договорот за заем за дополнително финансирање за Проектот за изградба на Автопат – делница Кичево – Охрид кој ќе се склучи меѓу Експорт – импорт банката на Кина и Јавното претпријатие за државни патишта, по скратена постапка, во второ читање.

На втората седница Комисијата ќе ги разгледа предлог законите за изменување и дополнување на Законот за одбрана; за лобирање; за изменување и дополнување на Законот за правда за децата; и за Академија за судии и јавни обвинители, четирите во второ читање.

Коронавирус