недела, 9. мај 2021. Вести денес: 130
home Вести

Две полни ленти не се важи ако си министер за правда? (ФОТО)

Две полни ленти не се важи ако си министер за правда? (ФОТО)

Откако пред дваесетина дена службеното возило на министерот за правда беше непрописно паркирано на тротоар пред зградата на министерството, денеска било фотографирано како прави сообраќаен прекршок, минува преку две полни ленти.

На фотографиите кои се поставени на Фејсбук групата „Ѕид на сообраќајниот срам“, може јасно да се види како возилото со вклучен трепкач тргнува, врти и влегува во спротивната лента.

За посетување, истиот службен „Пасат“ на министерот беше паркиран на самиот тротоар, по што од Град Скопје монтираше столпчиња за возилата да не можат да се качуваат на тротоарот, а министерот вети дека повеќе нема да го паркира возилото на тротоар.

За волја на вистината, не вети ништо околу правењето сообраќајни прекршоци…

Коронавирус