среда, 20. октомври 2021. Вести денес: 179
home Вести

Две мали деца останаа без мајка- жртвите од страшната несреќа на возраст од 19 до 33 години

Две мали деца останаа без мајка- жртвите од страшната несреќа на возраст од 19 до 33 години

Четиринаесетмина – некои се знаеле меѓу себе, некои си биле странци, загинаа вчера во страшната несреќа кај село Ласкарци откако авбтобус на компанијата „Дурмо турс“ се преврте и падна во провалија, пренесува Телма.

Тројца најмлади загинати се студенти, Онур Садику наредниот месец требало да наполни 20 години, а се враќал од испит на Медицинскиот факултет. Денеска неговите колеги кажаа дека го положил. 21 –годишната Бејза Узеири студирала архитектура и се враќала во родната Долна Белица. Бобан Аврамовски загина на 22 години и незавршени студии по дизајн на ФОН.

30-годишната Ваљдета Хамити била асистентка на информатика на универзитетот Мајка Тереза. Дома остави 7-месечно бебе и постарото 4-годишно дете. Вчера по пауза поради болеста на детето повторно се вратила на работното место.

Две ќерки имаше 39-годишниот Дејан Ристоски, ИТ инжинер во Народната банка на Македонија, кому семејството, компјутерите и фудбалот му биле дел од животот. Кошарката и членството во КК Гостивар пак била второто занимање на 25-годишниот Јовица Трпески, син на пратеникот Благојче Трпески.

Во несреќата загинаа двајца пензионери, 63-годишната Трпана Јанеска се враќала дома откако го посетила внучето и семејството на ќерката во Скопје. Есат Емрулаи имал 66 години, најстара жртва и последен кој подлегна на повредите, иако се јавил на роднините синоќа дека е добро – починал во текот на ноќта. Бил ангажиран во Халк банка.

Загинаа и Арсе Арсовски, имаше 56 години и е од гостиварска Железна Река, 39-годишниот Бесим Фетаи од село Сенокос, гостиварецот Ајдин Исмаили кој има 26 години. Зоран Давидосвки кој беше раководител на секторот за сообраќај на град Скопје имаше 37 и пол години. Во Скопје работеше и 24-годишниот Павле Костовски во организацијата на потрошувачи. Раметула Абдурахими, роден 1985 во Дебреште исто така работел во Скопје, а според сликите на социјалните мрежи бил вљубеник во велосипедизмот. Нивните останки веќе се предадени на семејствата откако Институтот за судска медицина ги заврши обдукциите. Сите имале тешки повреди.

Дел од загинатите во големата трагедија веќе се погребани на првиот ден од националната жалост.

Најнови вести

Локални избори 2021