сабота, 29. јануари 2022. Вести денес: 0
home Вести

Две лица пријавиле дека се изгубени на Пелистер, се трага по нив

Две лица пријавиле дека се изгубени на Пелистер, се трага по нив

Денес во поладневните часови две лица се изгубени во близина на Неолица (најблизок рид до Битола од планината Баба-Пелистер).

Лицата телефонски пријавиле во СВР Битола дека се дезориентирани во просторот и залутале далеку од пешачката патека. СВР Битола го известува Центарот за управување со кризи, а од страна на РЦУК Битола известени се Горска служба од Битола и ДЗС Битола.

Тимови за потрага и спасување се излезени на терен, воспоставен е телефонски контакт со изгубените лица и добиени се информации за нивно последно движење како претпоставена локација, но за жал батериите и на двата телефонски апарати им се комплетно испразнети, а последната комуникација на службите за потрага на терен со лицата е објавена пред 30 минути. Без разлика на неможноста за контакт и комуникација со изгубените лица, службите се сеуѓте активни во потрагата на теренот.

Центарот за управување со кризи останува и понатаму во комуникација со тимовите вклучени во потрагата, како и СВР Битола и за сите понатамошни случувања благовремено ќе извести.

Коронавирус