сабота, 20. јули 2019. Вести денес: 30
home Вести

Две и пол години молк за проблемите- Маката и трудот на земјоделците залудна

Две и пол години молк за проблемите- Маката и трудот на земјоделците залудна

Во изминативе две и пол години земјоделците од цела Македонија се соочуваа со големи проблеми и покрај сите предизборни најави на владата од 2016 година дека ќе ги реши проблемите со откупот ,ниските цени и пласманот на различни земјоделски култури.

-Први на удар беа праските каде поради неорганизираниот откуп и ниските цени од 2 денари за килограм им зададоа удар на производителите на праски. Иако овоштарите побараа дополнителни 11 денари за килограм праска, владата им излезе во пресрет со само 6 денари за индустриската праска, која што мерка се покажа дека нема корист за земјоделците.

-Скапуваа 5.000 тони сливи на одгледувачите од Радовиш за кои исто така немаше откуп. Сливарите бараа од владата да ги обештети со 5 денари по килограм, зашто 50% од родот им беше паднат на земја. Реколтата изнесуваше 4 милиони килограми сини сливи. На протести беа сливарите од Радовиш и сливарите од Делчево кои од револт ги расфрлаа произведените сливи.

-Проблеми имаше и со откупот на пролетната зелка во Струмичко кој што беше во полн ек, а ниту беше договорена цената, ниту имаше откуп. Иако владата вети дека ќе формира интервентен фонд за овие намени во кризни состојби при пласман на земјоделски производи квантифициран на 6 милиони евра, ниту фондот беше формиран, ниту средствата беа распределени за оваа намена.

-Јаболкарите од Ресен се соочија можеби со најголеми проблеми кои протестираат на магистралните патишта и ги исфрлаа јаболката во отпад, затоа што не се најде решение за 50 000 тони произведени јаболка, за кои што цената за откуп беше мизерен 1 денар за килограм јаболка. Па јаболкарите беа принудени да ги фрлаат огромните количини на произведени јаболка и да ги сечат стеблата низ овоштарниците.

Најголеми проблеми на земјоделците во последните две ипол години беа пласманот, неорганизираниот откуп кој резултираше со ниски цени и огромно незадоволство кај производителите. Иако Заев во предизборието на парламентарните избори ветуваше дека ќе има откуп и поголеми откупни цени, а откупувачите ќе се тепаат кој повеќе да плати, тоа не само што не се случи, туку земјоделците од цела Македонија се најдоа во уште поголеми проблеми. Експертите обвинуваа за погрешна земјоделска политика на владата, Националната федерација на фармери посочуваше дека земјоделската политика на владата треба да се фокусира на планирање и развој и дека потрошените буџетските средства не дадоа резултат низ мерките кои се пласираа.