петок, 18. јуни 2021. Вести денес: 0
home Вести

Две години од автобуската несреќа кај Ласкарци – 16 жртви, ниту еден осуден

Две години од автобуската несреќа кај Ласкарци – 16 жртви, ниту еден осуден

На денешен ден пред две години се случи кобната сообраќајна несреќа на автопатот Скопје-Тетово, кај селото Ласкарци, која однесе 16 човечки животи, а над 30 патници беа повредени.

И по две години гостиварци со тага и жалење го спомнуваат трагичниот настан. Автобусот на Дурмо Турс, кој тргнува кон Гостивар од скопската автобуска станица во 16.15 часот со 51 патник, излета од коловозот, ги проби банкините, падна и се преврте на стариот дел од патот.

Во несреќата животите ги загубија: Дејан Ристоски, Раметула Абдураими, Валдете Хамити, Јовица Трпевски, Бесим Фетаи, Онур Садику, Есат Емрули, Ајдин Исмаили, Бејза Узеири, Зоран Давидовски, Бобан Аврамовски, Трпана Јаневска, Павле Костоски, Арсе Арсоски, Ферди Касо и Ерза Османи.

Сопственикот на „Дурмо турс“, Дурмиш Белули, одговорниот за транспорт во фирмата Ремзи Мифтари и возачот на автобусот Маноел Трифуновски се товарат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, додека тројцата вработени во станицата за технички преглед Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски за соучество во истото дело.

Судскиот процес се уште трае.

ЕУРО 2020

Македонија