среда, 8. декември 2021. Вести денес: 85
home Вести

Две деца и маж од Македонија добиле воспаление на мозокот од западнонилска треска

Две деца и маж од Македонија добиле воспаление на мозокот од западнонилска треска

Во месечниот извештај на ИЈЗ се евидентирани три случаи на западнонилска треска во Македонија, кои резултирале со воспаление на мозокот. Се работи за две деца и едно повозрасно лице.

Овие податоци се објавени во извештајот кој се однесува на месец август.

Според извештајот, вирусот на западнонилска треска бил лабораториски детектиран кај 8-годишно девојче од Струмица, 11-годишно момче од струшко и 69-годишен маж од Стајковци.

Сите биле на болничко лекување поради воспаление на мозокот.

Западнонилска треска се пренесува со убод од комарец, а кај мал дел од заразените се манифестира со тешки невролошки симптоми.

Коронавирус