четврток, 3. декември 2020. Вести денес: 150
home Вести

Двајцата браќа осомничени за напад врз полицаецот Филип остануваат на слобода

Двајцата браќа осомничени за напад врз полицаецот Филип остануваат на слобода

Браќата Александар и Јордан Цветковски – осомничени за нападот на полицискиот сллужбеник Филип Филиповски – остануваат на слобода, објави ТВ24. Кривичниот совет попладнево ја отфрли жалбата на ОЈО за притвор на синовите на поранешниот градоначалник на Петровец, Звонко

Цветковски, и со тоа ја потврди одлуката на судија на претходна постапка. На двајцата браќа одземени им се пасошите, не смеат да го напуштат Скопје, не смеат да му се приближуват на проподениот полицаец и треба еднаш неделно да се јавуваат во суд – одлучи Кривичниот совет.

Филиповски беше прободен со нож во угостителски објект на 23-ти март во скопско Марино. Тој 11 дена по нападот помина во болница борејќи се за живот, остана без еден бубрег и слезина, но за среќа сега неговата здравствена состојба се подобрува.

Коронавирус