вторник, 26. јануари 2021. Вести денес: 97
home Вести

Двајца скопјани искасани од кучиња

Двајца скопјани искасани од кучиња

Двајца жители на Скопје вчера во полициска станица во Центар пријавиле дека биле нападнати од група бездомни кучиња.

Како што соопшти МВР, едниот инцидент се случил вчера утро околу 7.15 минути на улица „Лазар Личеновски“ кога 59-годишен маж (М.С.) бил нападнат од четири кучиња и бил каснат кај левата потколеница. Нему му била укажана лекарска помош во Клиниката за инфективни болести.

Другиот случај е регистриран на улица „Трифун Хаџи Јанев“ во четвртокот вечерта околу 22 часот. Ј.С (25) била нападната од неколку кучиња скитници и била касната за десната нога. И на неа и била укажана лекарска помош во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Коронавирус