понеделник, 20. јануари 2020. Вести денес: 0
home Вести

Двајца кандидати за наследник на премиерот во заминување

Двајца кандидати за наследник на премиерот во заминување

Деновиве треба да падне одлуката за тоа кој ќе биде назначен за технички премиер, вели во интервју за „Слободен печат“ премиерот во заминување, Зоран Заев.

Тој напоменува дека за тоа одлучува Централниот одбор на партијата, но логиката ги тера да бидат прагматични за Владата да можела да работи во полн капацитет и за да не застанат во прогресот што го има во економијата.

-Како и да е, логиката води кон двајцата досегашни министри кои веќе нема да бидат министри, а тоа се Оливер Спасовски и Мила Царовска, дискусијата води кон тоа. Следната недела ќе ја донесеме конечната одлука – вели за „Слободен печат“ премиерот во заминување.