вторник, 27. јули 2021. Вести денес: 137
home Вести

Два земјотреси попладнево ги вознемирија македонските граѓани

Два земјотреси попладнево ги вознемирија македонските граѓани

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес 14.7.2019 година регистрира два земјотреса чии епицентри се наоѓаат на 220 km јужно од Скопје во соседна Грција и потекнуваат од епицентралното подрачје Козани.

Првиот земјотрес беше во 12 часот и 50 минути со Рихтерова магнитуда 5.0 а вториот во 12 часот и 59 минути со Рихтерова магнитуда 4.0.

Првиот беше почувствуван и од населението на нашата Република, особено во југозападниот дел и тоа во Охрид, Струга, Битола и Ресен со интензитет IV степени според Европската макросеизмичка скала.

Во Кичево и околината со интензитет од III-IV степени а во Скопје и дел од источниот дел од Републиката со интензитет од III степени.

Додека пак, вториот земјотрес беше почуствуван во Битола и околината со интензитет од III степени според истата скала.

Коронавирус