недела, 29. ноември 2020. Вести денес: 90
home Вести

Два нови случаи на коронавирус во Македонија

Два нови случаи на коронавирус во Македонија

Двајца жители од Дебар се нови позитивни пациенти за коронавиус, објави министерот за здравство Венко Филипче. Станува збор за соседи на тројцата жители од Дебар кои пред неколку дена беа хоспитализирани на Инфективната клиника во Скопје. Тие живееле во куќи лепенки. Членовите на нивното семејство ќе бидат во домашна изолација.

Денеска беа тестирани вкупо 12 лица за коронавирус. Со новите случаи, на Инфективната клиника сега се лекуваат осум лица, со оглед на тоа дека првата заболена пациентка е целосно оздравена и за некој ден ќе биде пуштена на домашно лекување.

Коронавирус