недела, 9. мај 2021. Вести денес: 139
home Вести

Два месеци по трагичната смрт на Калина и Александар: Документи уште се чекаат, семејствата бараат одговорност!

Смртта на Калина и Александар во јавноста предизвика бура од реакции за начинот на водење на турата во лоши временски услови, но и за лиценцата на водичот, кој не поседувал дозвола за зимско искачување.
Два месеци по трагичната смрт на Калина и Александар: Документи уште се чекаат, семејствата бараат одговорност!

Два месеци по смртта на младите Калина и Александар јавното обвинителство се уште ја чека документацијата од грчката страна за трагичниот настан на врвот Кајмакчалан.

Од ОЈО за ТВ24 велат дека за документацијата била побарана и меѓународна правна помош, а по вчерашниот распит на првиот човек на федерацијата Јовица Угриновски, се сослушуваат и сведоци.

-Предметот е во предистражна постапка и надлежниот јавен обвиител ги презема сите неопходни дејстввија во насока на расветлување на настанот. Се анализираат известувањата што ги обезбеди министерството за внатрешни работи по наредба на јавниот обвинител. Преку меѓународна правна помош побарана е целокупната документација од Р. Грција во врска со настанот, а во тек е сослушување на лица во својство на сведоци, велат од ОЈО, пренесува ТВ24.

Роднините на двајцата планираи, пак откако вчера ја прозваа државата и ОЈО за тромавост во истрагата, денеска велат дела од медиумите дознале до каде е процесот. Тврдат дека  ОЈО мора да ги информира и да бидат вклученои во секоја фаза.

-Согласно праксата на судот во Стразбур, истрагата во овие случаи треба да биде брза, транспарентна и енергична, а фамилиите на покојните, треба да бидат вклучени од првиот момент и да бидат известени за секое преземено дејствие и акт, заради заштита на нивните легитимни интереси и без тоа изречно да го бараат. Затоа,  зачудува околноста што  целата јавност и блиските,  дознаа од медиумите за  сослушувањето на Угриновски,  кој е и тоа како важен сведок, со оглед на хаосот во одвивањето на планинарските спротови, стои во писмото од семејствата.

Смртта на Калина и Александар во јавноста предизвика бура од реакции за начинот на водење на турата во лоши временски услови, но и за лиценцата на водичот, кој не поседувал дозвола за зимско искачување.

Федерацијата на планинари формираше и посебна комисија за да ги истражи околностите кои довеле до трагичниот настан. Епилогот од тоа беше суспензијата на летната лиценца на организаторот на турата за Кајмакчалан, Зоран Костадинов – Москито. Токму, него семејствата го посочија како главен виновник за трагедијата. Од Федерацијата во извештајот пак не најдоа вина во Костадинов, а лиценцата му беше суспрендирана за пропусти во органзацијата. Главен виновник според извештајот на федерацијата за смртта на Калина и Александар биле лошите временски услови, потсетува телевизијата.

 

Коронавирус