недела, 17. ноември 2019. Вести денес: 71
home Вести

Душко Млекарот ќе докаже како е градена ‘хациендата’ на Кирацовски

Душко Млекарот ќе докаже како е градена ‘хациендата’ на Кирацовски

Душан Илиевски, попознат како Душко Млекарот, на својот фејсбук профил го повика  Александар Кирацовски, да го тужи него, а не медиумите по објавувањето на барањето Антикорупциската комисија да испита како донеодамнешниот генерален секретар на владејачката СДСМ за само две години се стекнал со значителен имот.

„Кирацовски во прилог ќе ти пуштам снимка кој ти ја градел куќата (хациедната)!!!  Детето Кирацовски е неизвеанао, кое е земено од улица и му дадоа висока функција за да летне во облаци и да се заканува со тужби кон тие што му го објавуваат криминалот. Кирацовски, јас Душко Млекарот јавно те повикувам мене да ме тужиш, а не медиумите да ги тужиш. Кирацовски, јас ќе ти докажам кој финансираше за да ја направиш хациендата во строгиот центар на Битола!!! Кои бизнисмени ги рекетираше!!!“, пишува во вторникот вечерта Илиевски.

Претходно во понеделникот Илиевски објави статус каде бара Државната комисија за спречување на корупција да истражи како поранешниот генерален секретар на СДСМ, Александар Кирацовски, за две години се стекнал со имот „хациенда“ во строгиот центар на Битола и автомобил од марката „опел инсигниа“ вредна 50 илјади евра.