петок, 4. декември 2020. Вести денес: 89
home Вести

Дурловски: Заедно со народот да ставиме крај на овие мрачни денови, да го вратиме оптимизмот и доистоинството на Македонецот!

Дурловски: Заедно со народот да ставиме крај на овие мрачни денови, да го вратиме оптимизмот и доистоинството на Македонецот!

Долго размислувал за понудата од Христијан Мицкоски, да биде носител на листа на идните парламентарни избори. Игор Дурловски ќе ја предводи листата во петтата изборна единица, а во разговор за Фактор вели дека не се одлучил веднаш, но дека сега е убеден оти ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на изборите.

Дурловски е оперски пеач и до пред неколку години никој во државата, но и самиот немаше да верува дека еден ден ќе предводи изборна листа.

Кој се неговите ставови? Прво за одлуката да се трка на изборите како носител на листа.

-Да и се служи на татковината, на секој начин, па и преку политиката, е должност и чест. Дури и мислам дека поголемо присуство на истакнати интелектуалци и уметници на нашата политичка сцена може да биде корисно и освежувачки. После долго размислување го прифатив предизвикот и одговорноста дадена одлидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски најпрво да бидам дел од стратешкиот тим на партијата составен од докажани професионалци од различни општествени сфери и да ја предводам листата во Петтата изборна единица, и заедно со народот да ставиме крај на овие мрачни денови, да вратиме оптимизмот и доистоинството на Македонецот, вели Дурловски за „Фактор“.

Тој вели дека борбата за подобар живот и посреќна сегашност кои, како што гледаме, се уште ги нема, треба да се води на достоинствен начин.

-Верувам дека можеме да донесеме подобар меѓународен успех и решавање на надворешно политички проблем. Со поинаков пристап на македонската дипломатија кон идентитетските прашања, евроатлантската иднина е реална и можна. Сигурен сум дека таа борба е многу потешка, но кога ја водат луѓе со силна енергија и визија, победата е извесна и уште поважно, не е пирова. Македонските граѓани, токму со овие избори, повторно имаат прилика да изберат кому ќе ја дадат својата доверба за остварување на идните стратешки цели на државата и подобрување на квалитетот на нивниот живот- вели Дурловски.

На прашање кои се негови клучни забелешки за владеењето на актуелната политичка гарнитура, Дурловски вели дека недозволиво е да не се почитува волјата на народот.

-Напротив, на оние на кои им е дадена доверба за управување со државата треба да го соединат наместо да го поделат по сите основи, да бидат рамо до рамо со секој граѓанин и да го следат неговиот пулс, расположение, особено кога се во прашање големи и чувствителни, државнички и национални теми. Но, исто така, мора и да се гледа покритички кон сите актуелни општествени проблеми и состојби т.е. да се има пореално чувство за потребите од секојдневниот живот на обичниот граѓанин, се со цел да се унапреди севкупниот општествен амбиент- вели тој.

Целото интервју може да го прочитате ТУКА.

Коронавирус