вторник, 14. јули 2020. Вести денес: 1
home Вести

Дурловски: Шекеринска нека си продолжи сама со лагите по телевизиите, ние двајца немаме допирни точки за дебата!

Дурловски: Шекеринска нека си продолжи сама со лагите по телевизиите, ние двајца немаме допирни точки за дебата!

Гледам Радмила Шекеринска продолжува да гради лажна розева слика за себе и пустошот што го предизвикаа со СДСМ. Веднаш ќе кажам, Радмила избега од договорена дебата минатата недела заради која јас дојдов во Скопје. Дебатата се откажа заради нејзиниот страв, а јас не се видов со граѓаните кои што ме чекаа, истакнува Игор Дурловски, носител на листа на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ5.

„Веќе немам намера да губам драгоцени моменти со луѓето заради некој што три децении шири лаги!

Нека си продолжи сама со лагите по телевизиите, лаги на кои што никој веќе не верува.

Ние двајца немаме допирни точки за дебата. Јас нудам Обнова на Татковината Македонија, ти пустош и распродажба на државата на која не смееш ни името да и го спомнеш.

Дојди Радмила меѓу граѓаните да го слушнеш вистинското мислење за вашето забегано однесување. Или подобро продолжи си со лажната кампања, со тие “Потемкинови села”, со платена публика на митинзите на СДСМ“ – порача Дурловски.