среда, 28. јули 2021. Вести денес: 145
home Вести

Дурловски од Охрид: Обновата на Македонија ќе го стави јазикот на пиедесталот, онаму каде што припаѓа како најважното и идентитетско обележје

Дурловски од Охрид: Обновата на Македонија ќе го стави јазикот на пиедесталот, онаму каде што припаѓа како најважното и идентитетско обележје

Утринава носителот на изборна единица 5, Игор Дурловски даде изјава од Охрид каде што посочи дека обновата на Македонија ќе го стави јазикот на пиедесталот, онаму каде што припаѓа како најважното и идентитетско обележје

-Во изминативе три години се што ни беше свето беше предмет на пазар. Покрај сите понижувања без тронка достоинство и гордост дозволија македонскиот јазик да се третира како некоја писмена регионална норма на друг јазик. Ова е најголемото предавство кое што може да се случи на еден народ, нагласи Дурловски.

Дурловски додаде дека за ова предавство никој не може да биде амнестиран. ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи македонскиот јазик да биде некаква регионална норма на конструкција.

-Во поновата македонска историја се донесени неколку државотворни акти со кои се зацврсти неговата вредност. Идната Влада ќе биде таа која ќе ги негува и поддржува македонските јазични вредности. Обновата на Македонија ќе го стави јазикот на пиедесталот, онаму каде што припаѓа како најважното и идентитетско обележје. Ќе се изготви корпусот на македонскиот јазик која ќе биде ризница која постојано ќе се надополнува, истакна Дурловски.

Дурловски појасни дека силна поткрепа ќе биде и етимолошкиот речник на македонскиот јазик, кој ќе го систематизира потеклото на зборовите, а академската граматика ќе даде нова свежина во теориските поставки на јазикот., достојни за 21 век.

-Ќе го сочуваме јазикот, ќе си ја сочуваме Македонија, порача Дурловски.

Коронавирус