недела, 29. ноември 2020. Вести денес: 90
home Вести

Дурловски: Ќе се борам со сета сила да се врати достоинството на Македонецот

Дурловски: Ќе се борам со сета сила да се врати достоинството на Македонецот

Стојам вечерва пред Вас, исправен и горд. Горд сум зошто ја носам тежината на минатото, но пред мене ја гледам светлината на иднината! Ако сме тука за да ги браниме нашите принципиелни ставови, да се бориме за Македонија, за вистински вредности, тогаш да го направиме тоа сега, силно, здружено. Сигурен сум дека ќе работиме тимски, ќе го вреднуваме заедничкиот труд, ќе ја вложиме целата енергија за победа на овие избори. Знам дека заедно ќе се фокусираме на обновата на Македонија и дека сме подготвени за решавање на сите мали и големи проблеми на граѓаните, но секогаш пред нас ќе ја имаме и најважната тема – Македонија! Македонија е да не ги заборавиме неправедно осудените, изјави вечерва ностителот во 5-та изборна единица на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Игор Дурловски кој додаде:

„Македонија е да се бориме достоинствено и со крената глава за неа. Македонија е да ја држиме вистинската страна, страната на победниците, страната на Вистината. Македонија е да не ги заборавиме идеалите на нашите предци. Македонија е да не ја загрозуваме иднината на нашите деца. Наша задача е да се бориме за вистинска слобода на македонскиот народ и на сите останати во Република Македонија. Сакам да ве уверам дека, од мене ќе добиете искрена борба, мотивација, работа, знаење и победа! Ќе се потрудам да стигнам до секој граѓанин, да стегнам сечија дланка, да  го погледнам во очи Македонецот, да го охрабрам  да  се придружи за да го вратиме заеднички оптимизмот кој што ни беше одземен.“

-Слободата е блиску, илузијата на нивната лажна сила е скршена, народот ќе биде повторно слободен. Борбата ќе биде тешка, но ние сме луѓе кои нема да отстапат, нема да го прекршат зборот и кои имаат визија, знаење и енергија, како да одиме напред. Се борам и ќе се борам со сета сила да се врати достоинството на македонецот после сите национални понижувања кои ги доживеавме заедно. Да го обновиме системот кој свесно и во континуитет е рушен, да ги поддржиме најдобрите да водат и да го употребат сето свое знаење, мотивација, храброст. Свесно со политички средства ќе им ја покажеме нашата сила и мудрост, потенцираше Дурловски.

Коронавирус