петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 10
home Вести

Дурловски: Граѓаните не забораваат на Преспанскиот Договор со кој СДСМ и Заев го извршија најголемото предавство на Република Македонија

Дурловски: Граѓаните не забораваат на Преспанскиот Договор со кој СДСМ и Заев го извршија најголемото предавство на Република Македонија

Носителот на кандидатската листа на ВМРО-ДПМНЕ во Изборната единица 5 вели дека пред две години на денешен ден СДСМ и тогашниот премиер Зоран Заев го потпишаа Преспанскиот Договор со кој се изврши најголемото предавство и се нанесе најтешкиот удар врз темелите на државата.

Денес Македонија не само што не е дел од Европското семејство и не ги ужива придобивките од перспективната европска реалност, туку стана поле на негирање на се што е македонско од потписниците на таканаречените добрососедски договори. Преспанскиот Договор е негирање на историските придобивки стекнати со Преспанското советување и со АСНОМ. Со него погазија врз идејата предците, но никогаш нема да можат да ја избришат придобивката на нивната жртва да имаме своја држава Македонија и да се нарекуваме Македонци.Македонскиот народ за разлика од своите властодржци има национално достоинство кое нема цена, има љубов кон својата татковина, која им пркосела на многу неправди, вели Дурловски во видеообраќање.

Според него, СДСМ и Заев за сѐ што направиле ќе одговараат пред граѓаните.

Преспанско советување и АСНОМ vs Преспански договор

Gepostet von Игор Дурловски am Mittwoch, 17. Juni 2020

Коронавирус