среда, 13. ноември 2019. Вести денес: 0
home Вести

Дуковски: Никој од тие луѓе нема сторено било какво кривично дело

Дуковски: Никој од тие луѓе нема сторено било какво кривично дело

Ќе ги искористиме сите правни лекови и жалби кои ни ги дозволува законот за кривична постапка, вели за Тв21 Сашо Дуковски, адвокат на екс директорот на БЈБ, Митко Чавков, кој тврди дека никој од осудените за „27 април“ не сторил било какво кривично дело. Тој најавува дека казната од 18 години затвор за Чавков ќе биде обжалена кон повисоките судски инстанци.

Никој од тие луѓе што се таму обвинети нема сторено било какво кривично дело. Правната квалификација во врска со ова дела е сосема погрешна. Не можете едни луѓе да гоните за исти настан за едно кривично дело, а други за друго кривично дело. Ќе ги исцрпиме сите можни правни лекови и сите жалби што ни ги дозволува законот за кривична постапка, почнувајќи од Апелациониот суд, ако не успееме ќе одиме до Врховниот суд – изјави Дуковски.