среда, 2. декември 2020. Вести денес: 13
home Вести

Дукоска: Која држава ја претставува Осман Шукриу кој што е во посета на САД?

Дукоска: Која држава ја претставува Осман Шукриу кој што е во посета на САД?

Македонската активистка од САД, Ана Дукоска на сјојот Фејзбук профил објави статус преку кој на заменик директор на Агенцијата за иселеништво на Република Македонија, Осман Шукриу го прашува која земја тој ја претставува и зошто не е објавен детален распоред на средбите со иселениците со прецизна локација.

Во продолжение ви го пренесуваме целиот нејзин Фејсбук статус:

Осман Шукриу, заменик директор на државната институција “Агенција за иселеништво на Република Македонија” на официјални средби со иселениците во САД.

Зошто не е објавен детален распоред на средбите со иселениците со прецизна локација, датум и време? Или се затворени средби со Албанската дијаспора и нивните бизнисмени предизборно?

Најавуваат дополнително и средби со преставници на албанските училишта??? А Македонските училишта?

Немам намера да подгревам етничка тензија, но не гледам причина за претставник на Македонската агенција за иселеништво да остварува средби со Албанската дијаспора. Албанија се грижи одлично за своите иселеници, а Македонија за своите???

Која држава ја претставува Шукриу?

Коронавирус