сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 83
home Вести

Дуклеска: Избори на 5-ти јули, избори на 8-ми јули – како некоја расипана плоча станал Заев

Дуклеска: Избори на 5-ти јули, избори на 8-ми јули – како некоја расипана плоча станал Заев

Избори на 5ти јули! Избори на 8ми јули! На 5ти, на 8ми, на 5ти на 8ми, како некоја расипана плоча станал Заев. Не, јас стварно не ја разбирам неговата логика. На 16ти март кога имаше 24 инфицирани со Ковид-19 беше со ставот да се одложат изборите бидејќи постоело ризик ако граѓаните одат на гласачки места и дека “изборите треба да се одржат кога трајно ќе се обезбеди здравјето на граѓаните”, порачува Наде Дуклеска.

Нејзиниот Фејсбук статус следува во продолжение:

Ни цели 2 месеци потоа почнува континуирано да инсистира за избори. Причината за избори е сега дека мора да има избори за тоа што така треба да биде според закон и дека во септември предвидува нов можен бран на Ковид-19. Но реално, Македонија првиот бран не го ни помина, тек сега започнува. Баш сега, кога тој опседнато инсистира за избори. Не разбирам, се обезбеди здравјето на граѓаните?

Во емисијата “Clickplus” пред некој ден ги споредуваше статистиките на заразени во Македонија и Шведска. Со кој памет? Па Шведска има 8 пати повеќе државјани од Македонија, нема НИКАКВИ мерки или рестрикции како што има во Македонија. Абе во ЛОКДАУН ја ставивте државата и пак, и ПАК денес имате 162 новозарарени а Шведска има 38, и тоа без НИКАКВИ мерки со 8 пати повеќе народ. Да не правете повеќе тестови од Шведска случајно? Или крив ви е народот како и секогаш? Не. Проблемот е во Заев и неговата математика што овој пат целосно ја има утнато. Па уште избори бара да го изгори народот дополнително.

Коронавирус