четврток, 1. октомври 2020. Вести денес: 146
home Вести

ДУИ утре ќе го одржи четвртиот конгрес во Скопје

ДУИ утре ќе го одржи четвртиот конгрес во Скопје

Демократската унија за интеграција (ДУИ) утре во 16 часот во Скопје ќе го организира четвртиот конгрес.

-По изборот на речиси 100 проценти целосно нови претседатели на сите наши ограноци и по изборот на над 90 проценти на нови претседатели на сите наши подограноци, како и целосно нов избор на форумите на жените и на младите, Демократската унија за интеграција ќе го организира својот четврт изборен партиски конгрес. Убедени сме дека резултатот од Конгресот ќе придонесе врз градење на одржливи политики кои што ќе бидат од корист на сите граѓани на нашата земја, се наведува во соопштението од партијата.

Дел од медиумите објавија дека на конгресот се очекува да биде реизбран лидерот на партијата Али Ахмети и да биде востановена нова функција – секретар за еднакви можности. Освен ова, како што пишуваат медиумите, педвидено е да се изберат неколку нови тела на партијата како Национален совет, Конгрес на постојаноста и Партиска изборна комисија.

Коронавирус