недела, 29. ноември 2020. Вести денес: 83
home Вести

ДУИ тврди дека се можни предвремени избори во мај или јуни

ДУИ тврди дека се можни предвремени избори во мај или јуни

ДУИ ја фрли ракавицата. Можни се предвремени парламентарни избори наредната година, но за тоа е потребен договор на сите политички партии.

Предвремени  избори бараат и сите опозициски парламентарни партии. ВМРО-ДПМНЕ не ја исклучува можноста да поднесе иницијатива за распишување во Собранието.

БЕСА и Алијансата на Албанците ќе ја подржат секоја иницијатива која нуди нови избори.

СДСМ смета дека во моментов на државата не и се потребни предвремени избори затоа што приоритет се НАТО и ЕУ интеграциите. А и да има евентуални избори, познат би бил исходот.

Партиите не ја исклучуваат можноста во наредниот период да се одржи и лидерска средба во поширок состав на која би се разговарало за предвремени избори.

 

Коронавирус