недела, 8. декември 2019. Вести денес: 0
home Вести

ДУИ неодлучни: Сите опции се отворени

ДУИ неодлучни: Сите опции се отворени

Демократската унија за интеграција ги разгледува сите опции за претседателски кандидат.

Разговорите се одвиваат во различни насоки, но се уште нема нешто конкретно, за да кажам кој пат ќе го одбереме – опцијата за кандидат од партијата или опцијата за кандидат кој ќе биде заеднички. Тоа ќе биде прашање што ќе се одлучи или дискутира во следните денови, но сите опции се отворени.

Ова денеска го изјави вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи по заедничката прес-конференција на ирската министерка за европски прашања, Хелен Мекенти, и на државниот секретар при Министерството за надворешни работи на Финска, Самули Виртанен.

– ДУИ одлучи да почне со процесот на идентификување на потенцијален кандидат, но ако во меѓувреме се создадат предуслови за соработка, тогаш овој разговор ќе се смени од партиски кандидат во еден заеднички. – посочи Османи.