четврток, 22. октомври 2020. Вести денес: 77
home Вести

ДУИ не знаела дека цел Закон за јазици ќе биде испратен во Венецијанската комисија?

ДУИ не знаела дека цел Закон за јазици ќе биде испратен во Венецијанската комисија?

Пратеникот на ДУИ Артан Груби вчера во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма изјави дека ДУИ не знаела оти целиот текст на Законот за јазици ќе биде испратен пред Венецијанската комисија.

Како што истакна Груби, ДУИ очекувала да бидат испратени само делови од законот, односно деловите кои се однесуваат на парите, хартии од вредност и униформите.

– Коалицискиот договор беше да се однесат во Венецијанската комисија само деловите од членот 8, параграф 1 кој се однесуваше на парите, униформите и хартиите од вредност и мислење да се добие од Венецијанската комисија само по тој параграф, рече Груби, додавајќи дека ДУИ не е согласна целиот закон да се разгледува во Венецијанската комисија бидејќи законот одредува материја од Охридскиот рамковен договор и го заокружува нормативниот дел.

Според него, нема критики, туку препораки од Венецијанската комисија за зајакнување на капацитетите на институциите да го спроведуваат Законот.

– Зошто да не гледаме од таа гледна точка – да ги зајакнеме капацитетите на државните институции, судството и сите други да го спроведуваат законот, рече Груби.

Коронавирус