вторник, 22. октомври 2019. Вести денес: 0
home Вести

„ДУИ не го поддржува СДСМ и ќе остави фер битка меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ на претседателските избори“

„ДУИ не го поддржува СДСМ и ќе остави фер битка меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ на претседателските избори“

Прв пат оваа недела, партијата ДУИ ја остави отворена можноста заедно со претседателските да има и предвремени парламентарни избори.

Оваа тема ја анализира новинарот Васко Ефтов.

-Ако ги оставиме на страна сите тие шпекулации дека СДСМ и ДУИ се договорени или дека ова е нивни заеднички модел како да го билдаат својот рејтинг кај Македонците и Албанците и дека е фингиран овој конфликт меѓу СДСМ и ДУИ, ако направиме здрава политичка логика, таа анализа ни покажува дека албанските партии во минатото сакале да бидат неутрални. Кога се на некој начин рамноправни СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, ги оставаат политички да се истребат или да се конфронтираат, а тогаш ДУИ или било која владејачка албанска политичка партија, да одбере на крај со кого ќе сака да коалицира, истакна Ефтов.

Тој потенцира дека не само на претседателски и парламентарни, туку ова се има случено и на локални избори.

-ДУИ сака да им овозможи рамноправен натпревар на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ. ДУИ е на некој начин незадоволна од коалицијата со СДСМ бидејќи таа коалиција е на стаклени нозе. ДУИ веројатно беше покомотен во време на коалицирањето со ВМРО-ДПМНЕ, посебно со Никола Груевски. Сега ДУИ сака да овозможи две работи, од една страна се реализирани тие предизборни ветувања менување на името, Тиранска платформа и закон за двојазичност, па сега СДСМ веќе не им е потребна на ДУИ за остварување на тие стратешки работи. Напротив, дури СДСМ е конкуренција на ДУИ во остварување на тие стратешки политики во Република Македонија. Кога доаѓа на ниво на политичка прагма, ДУИ секогаш подобро коалицира со ВМРО-ДПМНЕ отколку со СДСМ. Затоа сега ДУИ ја игра улогата на американски амбасадор, ги остава да се конфронтираат СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Во првиот круг на претседателски избори, да има рамноправен третман, па кој ќе победи со него ДУИ и ќе коалицира, потенцираше Ефтов.