петок, 27. ноември 2020. Вести денес: 120
home Вести

ДУИ: Не е работа на Собранието или Владата да одредуваат прв човек на новото обвинителство

ДУИ: Не е работа на Собранието или Владата да одредуваат прв човек на новото обвинителство

Не е работа на Собранието или Владата да одредуваат прв човек на новото обвинителство за организиран криминал и висока корупција што треба да го наследи СЈО, туку на Советот на обвинител, коментира пратеникот на ДУИ Артан Груби за предлогот на премиерот Зоран Заев обвинителката Вилма Рускоска да ја замени специјалната обвинителка Катица Јанева.

-Не е работа на политичките партии да навлегуваат во кадровски решенија за нов обвинител. Кога тоа го направија пред 4 години, гледаме сега што излезе. – додава Груби.

Тој од името на ДУИ порача дека партијата го смета новиот закон како добра основа за компромис кој треба да се постигне со парламентарна дебата. Главно се задоволни од решенијата за трансформацијата на СЈО во редовното државно обвинителство.

Коронавирус