петок, 13. декември 2019. Вести денес: 129
home Вести

ДУИ му сврте грб на СДСМ: На претседателските избори ќе излезат со свој кандидат

ДУИ му сврте грб на СДСМ: На претседателските избори ќе излезат со свој кандидат

ДУИ ќе излезе со свој кандидат на претседателските избори – најави вечерва вицепремиерот Бујар Османи по средбата на претседателството на ДУИ во Мала Речица.

Оценувајќи дека не случајно претседателските избори биле првата точка на состанокот на претседателството, како најургентни, Османи дополни:

„Претседателството едногласно одлучи на овие избори ДУИ да оди со свој кандидат, но даде можност доколку наредните денови се создадат услови за соработка со други политички партии за наредните избори претседателот на партијата да разговара со албанските политички партии или со партиите на други етнички заедници по концептот консензуален кандидат“-рече Османи.

Изминатиов период излегуваат на очиглед на јавноста низа расколи во владината коалиција.

Потпретседателот на СДСМ и пратеник Мухамед Зекири, преку својот Фејсбук профил изрази негодување за имињата кои се најдоа на наводната листа на кандидати за консензуален претседател, на ДУИ.

„Консензуален кандидат за ДУИ да ти биле Денко Малевски, Лазе Еленовски па дури и Владо Поповски, не знам зошто на оваа листа не го додадат и Влатко Ѓорчев ?!!…“, напиша Зекири на Фејсбук.