сабота, 27. ноември 2021. Вести денес: 111
home Вести

ДУИ му го зема Арачиново на СДСМ, вели Груби

ДУИ му го зема Арачиново на СДСМ, вели Груби

Артан Груби, организацискиот секретар на ДУИ ја објави победата на партијата од каде што доаѓа во уште четири општини.

Тој на својата Фејсбук страница напиша дека и Арачиново, Боговиње, Теарка и Желино се ДУИ.

Во Арачиново градоначалничка е Миликие Халими, а таму претходно СДСМ победуваше и на парламентарните избори. Кандидат на ДУИ за оваа општина крај Скопје е Ридван Ибраими, додека од коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива е Наим Синани.

Претходно, победата во уште три општини ја објави портпаролот на ДУИ, Бујар Османи. Станува збор за општините Сарај, Липково и Пласница.

Коронавирус