вторник, 27. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

ДУИ денеска на седница ќе го разгледува коалицискиот договор

ДУИ денеска на седница ќе го разгледува коалицискиот договор

Претседателот на Демократската Унија за Интеграција, Али Ахмети, свика седница на Централниот Совет на ДУИ во 18 часот, на која ќе се дискутира околу изборите и коалицискиот договор.

Од партијата најавија дека по седницата ќе биде дадена изјава за медиумите.

Вчера, Ахмети и лидерот на СДСМ, Зоран Заев соопштија дека постигнале договор за нова Влада со полн мандат од четири години. Според договореното, Владата ќе ја предводи Заев, а во последните 100 дена ќе биде назначен премиер по предлог на ДУИ.

Во Владата нема да се предлагаат министри без ресор, со исклучок на вицепремиерските места, а ќе се укине и Пржинската влада.

Како определби за следните 4 години беа посочени јакнење на економскиот стандард, борбата со криминалот и корупцијата на сите нивоа, како и прочистување на правосудството и проверка на потеклото на пари и капитал кај секој функционер, по пат на систем што заеднички ќе биде договорен. Постои и коалициска согласност заштитата на животната средина.

Како што беше посочено по средбата на првите луѓе на СДСМ и ДУИ, во првите шест месеци, ќе се распоредат и ќе тргнат на работа сите вработени по Рамковен договор кои останале нераспоредени во државните институции.

Коронавирус