среда, 28. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

ДУИ дава потполна поддршка на Владата во преговорите за решавање на спорот за името

ДУИ дава потполна поддршка на Владата во преговорите за решавање на спорот за името

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи по денешната средба со претседателот на ДУИ Али Ахмети и потпретеседателите на партијата изјави дека тие во целост ги поддржуваат позициите и одлуката на Владата за спорот со името.

– Денеска на барање на господинот Ахмети го брифирав преседателството на партијата со прогресот што е направен во преговорите со Република Грција за прашањето за името. Разговаравме за нашите позиции и предизвиците. После моето реферирање, тесното претседателство донесе одлука дека во целост ги поддржува позициите и одлуката на Владата за затворање на ова прашање, изјави Османи.

Пред тесното претседателство на партијата вицепремиерот, како што кажа, реферирал хронолошки за сите аспекти на текот на преговорите.

По средбата во седиштето на партијата, Османи кажа дека се враќа во Владата, во очекување на епилогот од овие преговори.

Коронавирус