недела, 24. октомври 2021. Вести денес: 0
home Вести

ДУИ блокираше нови 4 милиони евра за спортот – бараат рамковна поделба на парите!

ДУИ блокираше нови 4 милиони евра за спортот – бараат рамковна поделба на парите!

Партиските надмудрувања во склоп на владината коалиција, односно нереалните барања на луѓето од Демократската унија за интеграција (ДУИ) се причините поради кои измените на Законот за ослободување од данокот за добивка со кои во спортот требаше да влезат дополнителни четири милиони евра сѐ уште стојат „заглавени“ во собраниска процедура, дознава „Спорт1.мк“.

Неофицијално, главна пречка во разговорите во владината коалиција е чудното и досега нечуено барање на ДУИ за рамковна поделба на парите. Претставниците на оваа партија во собраниската комисија во која прво се разгледувале измените на Законот за ослободување од данокот за добивка побарале еден милион евра да завршат во касите исклучиво на албанските клубови, чија бројка е далеку под 25-отсто од вкупниот број во државата, а останатите три милиони да ги добијат условно кажано македонските екипи. Ова, разбирливо, не било прифатливо за „македонскиот блок“, по што овие измени засега се ставени во „мирување“, но проблемот е кренат на највисоко ниво па се очекува за него да се разговара дури и на средбата на лидерите на СДСМ и на ДУИ.

Првичната, пак, замисла на луѓето од Владата, била три милиони евра да бидат распределени на федерациите и клубовите кои веќе добија ваучер, додека еден милион евра да добијат клубовите од пониските рангови кои беа прескокнати со првата распределба. Со ова требаше да биде ставен крај на потенцијалните бојкоти на второлигашите во фудбал, кошарка и ракомет, кои добија предлог да состават комисии од тројца членови кои дополнително ќе ги одредат критериумите како ќе биде распределена сумата од 60 милиони денари.

Тие, пак, што веќе добија можност да ги искористат можностите од Законот за ослободување од данокот за добивка, требаше да добијат уште еден ваучер во половичен износ од тоа што го имаат на располагање.

Најнови вести

Локални избори 2021