понеделник, 26. октомври 2020. Вести денес: 148
home Вести

Државниот завод за ревизија влегува во СЈО

Државниот завод за ревизија влегува во СЈО

Државниот завод за ревизија влегува во Специјалното јавното обвинителство, пишува 24 вести. До ревизорите биле испратени неколку анонимни писма од обвинители и вработени во кои се жалат на начинот на кој се делеле предметите, но и надоместоците кои ги добивале обвинителите. Контролата веќе била планирана како дел од тематската ревизија за годинава, да бидат проверени сите обвинителства, судови и правосудството, па не било проблем да се вметне и оваа контрола на СЈО. Ревизорите се воздржани од давање детали што точно ќе бараат кај Специјалното обвинителство.

– „Сега не можеме да кажеме што ќе гледаме зашто се работи за тематска ревизија со различни теми. За тоа одлучуваат нашите ревизори по првичната анализа. Некаде ќе ги гледаме човечките ресурси, некаде финансискиот дел, некаде делење на предметите. И да ги видиме капацитетите на судство, правосудството, обвинителството и Народниот правобранител“. – Насер Адеми, заменик државен ревизор.

Ревизорите деновиве со писмо ќе се најават во СЈО, како и кај сите други обвинителства, но се воздржани од тоа што може да ги очекува таму, со оглед на тоа што институцијата остана и без обвинители и без прв човек.

Цвета Ристовска, помошник на главниот државен ревизор „Не би сакала во моментов да прејудицирам. Ние ќе се најавиме и во СЈО на истиот начин како што предвидува нашата методологија. Јас верувам дека надлежните органи преземаат мерки и активности како што е оваа. Државниот завод за ревизија кога има потреба да врши определени дејствија во самото обвинителство.

Ревизорите имаат сертификати за работа со документи кои се водат како државна тајна, па за нив нема да биде проблем увидот во СЈО. Доколку ревизорите наидат на затворени врати ќе состават извештај во кој ќе напишат дека биле спречени да работат, а таквата оценка, велат тие, е најлоша за институцијата.

Коронавирус