недела, 29. ноември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Државниот секретар за здравство Милошев ја посети болницата „Негорци“

Државниот секретар за здравство Милошев ја посети болницата „Негорци“

Националната стратегија чија што оновна цел е превенција и унапредување на условите за лекување на ментално и душевно растројство на сите пациенти без разлика на нивниот пол, вера и национална припадност, за периодот 2018-2025 што ја изработи Министертвото за здравство и деновиве ќе влезе во владина процедура, беше повод државниот секретар за здравство Владимир Милошев денеска да ја посети Невропсихијатриската болница „Негорци“.

– За имплементирање и реализација на оваа стратегија веќе се предвидени човечки ресурси како и отворање на нови центри за ментално здравје за кои се обезбедени стабилни финансиски средства со цел да создадеме достоинтвени услови за третман на овие пациенти, нагласи Милошев.

Покрај ова Милошев посочи дека Министерството за здравство дало согласност на НПБ „Негорци“ за вработување на тројца психијатри и два лекари по општа медицина кои веднаш ќе бидат упатени на специјализација.

На средбата со вработените, Милошев беше информиран за актуелната состојба во оваа јавна здравствена установа, а имаше можност да ги види и условите за престој на пациентите како и нивниот третман од страна на вработените.

(Миа)

Најнови вести

Коронавирус