сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 68
home Вести

Државниот секретар за култура обелоденува- Ги убедивме СДСМ да се откажат од реконструкција на Универзална сала, за сметка на Тетовскиот театар

Државниот секретар за култура обелоденува- Ги убедивме СДСМ да се откажат од реконструкција на Универзална сала, за сметка на Тетовскиот театар

Валмир Незири, државен секретар во министерството за култура вчера во емисијата „200“ што се прикажува на ТВ Алсат М, отворено кажа дека ги убедил СДСМ парите наменети за Универзална сала, која иако се руши и претставува опасност за граѓаните на Скопје, да се пренаменат за Тетовскиот театар. Ова покажува со која леснотија СДСМ се откажа од своето главно предизброно ветување пред скопјани дека веднаш ќе започне реновирањето на Универзалната сала и ги жртвуваше проектите на сметка за коалициски мир.

Во изградбата на културни домови за националностите нема ништо спорно, но според е начинот и пазарењето со кој се прават ваквите работи. Во овој случај Градот Скопје останува без едно од неговите препознатливи одбележја, а тоа е Универзалната Сала.

Иако градоначалникот Петре Шилегов има дури и готов проект во врска со изградба и реновирање на Универзална сала, сепак таа е оставена да се изгради за некои подобри времиња.

Апсурдот да биде поголем е што реновирањето на Универзална сала беше едно од главните ветувања на Шилегов во предизборната капања.

Така во неговата програма „За Живот“ на страна 28 има дел посветен за Универзална сала. Шилегов на скопјани им вети дека веднаш по превземањето на власта ќе се започне со процес на изградба на салата.

-Универзалната сала беше омилената културна институција на многу скопјани, а за многу деца, тоа е местото на првиот концерт или културен настан. Денес, Универзална е запоставено и безживотно место, наспроти нејзиниот сјај во минатото. Иако најавувана во повеќе наврати, нејзиното ревитализирање не се случи. Се сеќаваме на времето кога Универзалната сала беше дом на фестивалот „Златно славејче“. Веднаш го почнуваме процесот за изградба на салата, според најсовремените стандарди за безбедност, техника, за удобност на гледалиштето и за пристап до салата, пишува во СДСМ-овскиот план за Живот.

Исто така, Шилегов ова ветување го даде и во неговите промотивни видеа па дури и одржа мал митинг пред Универзална Сала се со цел да посочи дека промените ќе почнат токму од тоа место. Поддршка му дадоа премиерот Зоран Заев и сегашниот градоначалник на Карпош, Стефан Богоев. Сите тројца ветуваа дека Универзална Сала ќе добие нов сјај и нов лик. Но, како и сите ветувања на СДСМ така и ова остана само на хартија. Кога сме кај Шилегов и новата програма за Град Скопје и неговите мегаломански ветувања за изградба на нови мостови, тунели, сообраќајни прстени јавноста треба да биде свесна дека за првите 6 месеци од 2018-та година Шилегов не планира да почне со изградба на ниту еден од овие капитални проекти што ги ветуваше.

Инаку, Министерството за култура оваа година предвидело буџет за инвестициии во областа на култура и изградба на нови објекти во вредност од 1,7 милијарди денари. Од нив 700 милиони денари се одвоени само за проекти од албанската култура. Или во бројки, Албанците за проекти кои се наменети за културата добиваат 179 милиони денари додека за инвестиции и изградба на објекти од буџет кој изнесува 800 милиони денари, Албанците добиваат 500 милиони денари.

Коронавирус