петок, 29. јули 2022. Вести денес: 33
home Вести

Државниот секретар во Министерството за култура со скандалозна изјава го одбрани насилството: Антиалбанец како Милошоски заслужува и повеќе (ФОТО)

Државниот секретар во Министерството за култура со скандалозна изјава го одбрани насилството: Антиалбанец како Милошоски заслужува и повеќе (ФОТО)

Денеска македонската јавност беше сведок на насилие, физичка пресметка и недоличен речник во Собранието од страна на претседателот на КЕП, Арбр Адеми кон пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски.

Наместо да го осуди ваквото насилничко однесување, државниот секретар во Министерството за култура, Валмир Азири застана во одбрана на насилството и  ваквото скандалозно однесување го поддржа преку Фејсбук статус во кој напиша дека пратеникот Милошоски нарекувајќи го антиалбанец заслужувал повеќе и дека секој кој што ќе се обиде да ги омаловажува Албанците, новите генерации на Албанци ќе им ги скршат нозете и рацете.

– Антиалбанец како Милошоски заслужува и повеќе, времето на продавачите на магла заврши, новите генерации Албанци ќе им ги скршат рацете и нозете на сите што ќе се обидат да ги понижат Албанците, напиша Азири и додаде емотикон со тупаница.

Коронавирус