сабота, 24. јули 2021. Вести денес: 71
home Вести

Државниот инспекторат за животна средина ги охрабрува граѓаните: Пишете ни на месинџер за да пријавите загадување

Државниот инспекторат за животна средина ги охрабрува граѓаните: Пишете ни на месинџер за да пријавите загадување

Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) иницираше заеднички акции со Инспекторатот на Град Скопје и МВР со цел спречување на палење кабли и гуми покрај реката Вардар.

Договорени се засилени патроли и интервентни акции по пријави на граѓани.

– Ги охрабруваме граѓаните, штом се јави чад веднаш да пријават загадување преку Месинџер на Фејсбук страницата на Државниот инспекторат за животна средина. Само заеднички можеме да делуваме за зачувување на животната средина, наведува ДИЖС.

Коронавирус