четврток, 26. ноември 2020. Вести денес: 128
Во живо

Натпартиски протест за одбрана на црвените линии кои се последниот бедем на нашиот идентитет

home Вести

Државни пари за непостоечки хотели?

Државни пари за непостоечки хотели?

Се појавија нови сомнежи за злоупотреба на државните пари наменети за хотелиерството. Дали се наменски употребени парите од антикризните пакети кои требаше да бидат помош во секторот туризам и хотелиерство? Дали овој пат власта намерно дозволува злоупетрба на државните пари преку четвртиот пакет мерки?

Имено, ТВ 21 дојде до непотврдени информации дека се прават малверзации при користењето на финансиската помош. Попрецизно, станува збор за злоупотреба на парите од страна на т.н „Газди на хотели “.

Тие, според инфорамциите до кои дојде ТВ21, искористиле помош за рестартирање на дејноста хотелиерство, но на терен не постои ни трага од нивните хотели, па така од тука се поставува прашањето, дали е ова навистина така и постои ли можност за наводна злоупотреба?

Од ТВ21 беа контактирани упатените во секторот туризам, а истите не ги отфрлаат во целост ваквите сознанија.

„Не можам да кажам дека имам информација, освен дека имаше информација за некои проневери што се слушаа во однос на ваучерите кои ги добија граѓаните за да ги користат во хотели…..Меѓутоа имаше шпекулации дека во хотелиерството има такви ситуации“, вели Ана Марија Алексова.

Додека пак, претседателот на ХОТАМ не можеше да ги потврди ваквите сознанија, но кажа дека нерегуларности во хотелиертсвото и угостителскиот сектор сепак постојат.

„Тоа не можам да го тврдам со оглед на тоа што секојдневно се отвораат и затвораат хотели. Треба да се земе историја на работење на сите хотели, кој колку данок плаќал досега. Државата точно знае кој хотел колку данок плаќал и колку може да добие средства и грантови, така треба да се примени и помошта…“, посочи Крсте Блажевски за ТВ21.

Иако не беше дециден за постоење на т.н хотели фантоми, Блажевски упати на други нерегуларности во хотелиерството и угостителскиот сектор .

„И ден денеска сме сведоци дека некои објекти работат на непријавени свадби, веселби, кои се забранети со закон а секако си работат, има некој што нив ги остава да работат и да ги прават тие дејствија“, додаде Крсте Блажевски.

ТВ 21 пренесува дека побарала листа на постоечки хотели и такви кои се регистрирале за подигање на државна парична помош, додека пак надлежните топката си ја префрлаат од врата на врата.

Прво беше посочено дека одговор треба да се побара од Министерството за финансии, додека пак велат дека одговорот го има УЈП, за на крај да кажат дека одобренијата се во надлежност на Генералниот секретаријат на Владата, а од таму се уште одговор нема.

Коронавирус