недела, 20. септември 2020. Вести денес: 91
home Вести

Државјаните на оваа соседна држава во Македонија ќе може да влезат само со негативен корона тест- владата донесе нова одлука!

Државјаните на оваа соседна држава во Македонија ќе може да влезат само со негативен корона тест- владата донесе нова одлука!

Владата на денешната трета седница донесе одлука за задолжителен ПЦР тест за косовските државјани кои влегуваат од Република Косово и транзитираат низ Македонија.

Согласно усвоените предлози во Одлуката за мерки за спречување на внесување и ширење на коронавирусот КОВИД-19 се додадат два нови става во насока:

– Медицинска потврда со негативен резултат од PCR SARS-CoV-2 тест за деца, да се приложува кога детето има над 10 години,

– Државјаните на Република Косово, кои влегуваат на територија на Република Македонија од копнен граничен премин од Република Косово задолжително да приложат медицинска потврда со негативен резултат од RT PCR SARS-CiV-2 тест, направен 72 часа пред влез на територија на Република Македонија и во случај на транзитирање низ државата.

Владата на денешната седница, разгледа и донесе повеќе други одлуки, меѓу кои и збирниот Извештај за настанатите штети од елементарни непогоди кои ги зафатија општините Македонски Брод и Ресен.

Коронавирус