понеделник, 18. ноември 2019. Вести денес: 81
home Вести

„Државата се откажа од Охрид и УНЕСКО статусот“

„Државата се откажа од Охрид и УНЕСКО статусот“

Разгледувајќи го Ребалансот на буџетот за 2019 година, евидентен и загрижувачки е фактот што не е наведен ниту рокот, ниту износот на средства кои Владата планира да ги издвои за Колекторскиот систем за заштита на Охридското езеро, како поддршка на напорите на централната и локалната власт за исполнување на препораките од УНЕСКО, реагираат од Комисијата за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ.

Статусот на Комисијата ви го пренесуваме во продолжение:

Ако го земеме во предвид, а мора да го земеме, Акцискиот план на општина Охрид за спроведување на препораките од Унеско, кој беше изгласан на 30тата Седница на Советот на општина Охрид и според кој до крајот на 2019та година (значи уште само три месеци!) Министерството за животна средина треба да спроведе постапка за ангажирање на консултантска куќа, која ќе изработи анализа за избор на оптимална финансиска конструкција за финансирање на интегрирано управување со отпад, како и Анализа на постојна локација за централна постројка за преработка/отстранување на отпад и можен избор на нова локација, а со Реблансот на Министерството за животна средина му кратите 18.450.000 денари за чистење депонии и дополнителни 479.000 денари на име Унапредување на животната средина, ќе дојдеме до болниот заклучок дека држвата се одрекла од Охрид и Унеско статусот!

И тоа не е сè, туку овој болен заклучок ќе го поткрепиме и со фактот што за Заштита на културното наследсво, кое исто така е од пресудно значење за Унеско статусот на Охрид, со ребалансот се кратат цели 114 милиони денари.

Да повториме, за Унеско стаусот клучни министерства се: Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за култура на кое му се кратат над 10 милиони денари и Министерствто за транспорт и врски на кое му се кратат дури над 2 милијарди денари!

Ако мислите дека тоа е сè, повторно ќе ве демантираме! Препораката 2 од Извештајот на 41-та седница на Комитетот на светското наследство на Унеско налага Подобрување на постојниот пат помеѓу Струга и границата со Албанија што е во надлежност на Министерството за транспорт и врски на кое, како што наведовме погре му се кратат огромни средства. Понатаму, препораката 12 налага засилена прекугранична соработка, за што со ребалансот на Министерството за локална самоуправа му се кратат 70 милиони денари токму на име прекугранична соработка, додека препораката 13 налага подобрување на системот за третман на отпадни води за сите населби во сливот на езерото, а со Ребалансот се кратат 186.500.000 на име проект за водоснабдување и одведување на отпадни води!

И конечно, имајќи го во предвид сè уште незапочнатото постапување со бесправно изградените објекти кои го загрозуваат Унеско статусот на Охрид, а охридскиот градоначалник Константин Георгиески никако да почне да постапува….се наметнува заклучокот дека најверојатно градоначалникот Георгиески очекува премиерот Зоран Заев да преброи колку „пицерии“ и колку „Чичко Николовци“ има во Охрид на кои во предизборето јавно им вети дека нема да им ги руши дивоградбите, па ќе почне да руши. Кога сè ќе се собере и одземе, за жал, доаѓаме до позната охридска реченица: На Охрид му немат спас!