Зоран Заев е подготвен да понуди се само за да остане премиер на државата, дознава Курир од високи партиски извори во СДСМ.
Имено Зоран Заев како што дознаваме е подготвен да ги даде и двете клучни министерства во замена за премиерската фотеља, а тоа се министерството за внатрешни работи и министерството за финанси.
Претходно во медиумите излезе информација дека финансиската полиција и била ветена на ДПА.
Покрај овие две клучни министерства, Заев е подготвен да ја предаде и УЈП како и Царината, дали Заев со ова ја става Македонија на распродажба се со една цел, а тоа е да ја задржи премиерската фотеља?
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ, изминативе неколку дена обвинува за прекршување на Уставот од страна на претседателот Пендаровски со доделувањето на мандатото на Зоран Заев.
Од опозицијата велат дека Заев и Пендаровски свесно го прекршија Уставот, а со цел да добијат на време околу преговорите за состав на новата влада.
ВМРО-ДПМНЕ ги замрзнаа односит со претседателот Стево Пендаровски, бидејќи како што велат тој свесно го прекршил Уставот.