петок, 14. јануари 2022. Вести денес: 92
home Вести

Другата страна на приказната со стратешките проекти со фотоволтаични централи кои ги најавува Зоран Заев

Другата страна на приказната со стратешките проекти со фотоволтаични централи кои ги најавува Зоран Заев

Енергетската јавност во Македонија но и секој граѓанин со право е загрижен за цената на електричната енергија во претстојниот период. Државата Македонија е доведена до состојба на енергетска потчинетост што задира во суверенитетот и уставниот поредок на државата, пишува порталот Брегалнички.мк.

Хидроцентралите во изминатите 3 години во Македонија постојано се доведуваат до хидролошки минимум со што воопшто не произведуваат или произведуваат струја во минимални количества;

РЕК Битола е во постојани дефекти, РЕК Осломеј ретко кога работи а јаглен за работата на овие термоелектрани има многу малку на лагер. Гледаме како пропаѓаат тендерите за набавка на јаглен од странство а тоа што се набавува се набавува по високи цени. Единствената опција за задоволување на електро-енергетските потреби на Македонија е со купување на струја на слободниот меѓународен пазар по цени кои што ги надминуваат досегашните и тоа во значително поголеми износи.

Со тоа не треба да бидете некој голем експерт за да утврдите дека Македонија ја очекува драматична енергетска сезона.

И во таква состојба на општа паника во јавноста (стимулирана од голем број провладини медиуми) за задоволување на електро-енергетските потреби на граѓаните и стопанството, на седници на Владата, Зоран Заев донесе одлуки за утврдување на стратешки инвестициони проекти на приватни инвеститори од областа на енергетиката со огромни финансиски сретства на чинење на инвестициите со кои лиферуваат во јавноста.

На 30.11.2021 година- денот кога Владата прогласи тридневна жалост по повод трагичната несреќа во која живи изгореа 46 македонски граѓани во Бугарија, како посебна точка на Дневниот ред беше донесена одлука за утврдување на статус на стратешки инвестиционен проект на Друштво за производство на електрична енергија „ОСТРО СОЛАР“ – Скопје. Донесувањето на оваа одлука во јавноста помина речиси незабележано поради тешките ефекти на трагедијата во јавноста.

Целета сорија можете да ја прочитате на Брегалнички.мк

Коронавирус