недела, 28. февруари 2021. Вести денес: 44
home Вести

Дрска селективност на грбот на граѓаните: За народот казни, за несовесниот доктор и партиски другар заштита од Министерство за здравство

Дрска селективност на грбот на граѓаните: За народот казни, за несовесниот доктор и партиски другар заштита од Министерство за здравство

Македонските граѓани за непочитување на мерките и препораките добиваат казни. Оние кои сакаа да ја испочитуваат вековната традиција за Водици добија “удар по џебот“ исто како и граѓаните кои запалија оган за Бадник.

Ни беа забранети многу работи, ниту еден празник не го прославивме како што доликува бидејќи ни се закануваа со казни. Најголем дел од граѓаните останаа дома почитувајќи ги препораките, тие кои не го сторија тоа – си беа казнети.

Институциите многу сакаат да претставуваат слика дека “мерките“ важат за сите. Но, тоа не е вистина.

Исто така, граѓаните се сведоци дека некои манифестираат самоволие бидејќи се заштитени, а други се ставени на тест за издржливост. Кој нема да издржи, ќе плати казна.

Министерот за здравство Венко Филипче од почетокот на пандемијата зборува за мерки, препораки и санкции. Со својот тим во кабинетот правеше планови што ново да им се забрани на граѓаните. Еден претставник на тој тим до пред извесно време беше поранешниот државен секретар во Министерството за здравство, Владимир Милошев.

КУРИР пред два дена пишуваше за скандалозното однесување на овој доктор, а за тоа ве потсетуваме во продолжение.

Скандалозно однесување на екс-соработникот на Филипче: Граѓаните плаќаат дебели казни, несовесниот доктор става пациенти во ризик (ФОТО)

Речиси цела година водат неуспешна битка за справување со коронавирусот, а наместо да понесат одговорност, ги обвинуваат граѓаните дека се несовесни и дека затоа вирусот се шири. Но, да видиме колку се совесни најблиските соработници на министерот за здравство, Венко Филипче.

Поранешниот државен секретар во Министерството за здравство, Владимир Милошев е доктор во штипската болница. Таму е вработен како максилофацијален хирург. Бил дежурен ноќта за нова година, па покажа како му поминало тоа дежурство.

Групирање, без маски, без дистанца, без никаква заштита. Седнати на полна трпеза како да прославуваат во некој ресторан, а не како да се здравствени работници на должност. Ова е еклатантен пример за непочитување на мерките за заштита од ковид од страна на екс-државниот секретар за здравство.

До вчера овој човек беше дел од политиките, наводно грижејки се за здравјето на граѓаните. Истиот тој без маска, без дистанца и на работно место не ги почитува препораките кои неговиот претпоставен ги диктира на “обичните“ граѓани.

Дали надлежните ќе замолчат пред ваквото непочитување? Да стануваше збор за граѓани, досега сигурно ќе беа казнети и санкционирани. Но, за најблиските соработници на Филипче очигледно не важат ни закони, ни препораки.

Зошто Филипче досега нема побарано одговорност за ваквите постапкина неговиот довчерашен близок соработник  Милошев кој сега работи како доктор во КБ Штип?

Ваквото однесување е во најмала рака скандалозно! Докторот го става во ризик не само своето здравје, туку и здравјето на своите колеги, а особено на пациентите.

Министерот Филипче треба да покаже дека препораките важат за сите исто. Граѓаните постојано добиваат парични казни и забрани, а неговите најблиски соработници се однесуваат како за нив се да е дозволено!

КУРИР вчера бараше одговори од Министерството за здравство. Од таму директно не го повикаа на одговорност овој доктор. Во својот прв одговор до нашата редакција испратија “пластични“ реченици кои ги зборуваат од почетокот на пандемијата и кои досега низа пати се покажаа дека не се вистинити. Кога побаравме конкретен одговор и не дозволивме да ја замајуваат јавноста, пратија поширок одговор, повторно, без да повикаат на одговорност.

Со цел граѓаните да бидат сведоци на односот од МЗ, нашата комуникацијата со Министерството за здравство, ви ја пренесуваме во продолжение:

 

 

Зошто ги објавуваме пораките? КУРИР како медиум се обрати до МЗ во име на македонските граѓани. И МЗ е должно конкретно да одговори на ваков тип на прашања бидејќи на очиглед на јавноста е селективноста во казнувањето за непочитување на препораките.

Затоа, првиот одговор кој го добивме од нив,  го сметаме за обид за ново манипулирање дека “се е во ред“ и “сите се исти“.

Во нивниот втор одговор, прво се оградуваат од докторот кој до пред кусо време му беше близок соработник на Филипче, но повторно, не апелираат јавно дека и тој треба да биде казнет. Овој доктор, како и сите останати, дури и надвор од пандемија, вакво однесување не смеат да си дозволат. А министерството и тоа како е надлежно за вакви случаи.

Не знаеме кое лице точно одговара на новинарските прашања преку е-маил адресата на Министерството за здравство, но во обид да го “испере“ докторот кој до вчера таму беше претпоставен, сакаше да ја намали тежината на случајот. Така, иако докторот САМ, на СВОЈОТ Фејсбук профил објави каде и кога се случува неговото несовесно однесување, од МЗ велат дека КУРИР тврди што и каде се случило. Најмал проблем е што тие велат дека “ние тврдиме кога е направена фотографијата“, еве Фејсбук нека покаже.

Не е проблем само Милошев, не се проблем само сестрите и болничарите на оваа фотографија. Проблем е што Филипче и МЗ замижуваат на ваквите случувања. Не може и не смее нивните блиски соработници, колеги, партиски другари, да бидат заштитени како “бели мечки“, а граѓаните да плаќаат казни на секој чекор.

КУРИР побара одговор и од Министерството за внатрешни работи:

“Дали полицијата има нешто превземено и дали ќе бидат изречени казни во врска со случувањето во штипската болница за време на новогодишната ноќ?“

Имено, доктор објави фотографија на која јасно се гледа дека персоналот во болницата воопшто не ги почитувам мерките, што е казниво.

Засега, нема одговор од таму.

Коронавирус