вторник, 26. јануари 2021. Вести денес: 166
home Вести

Дрска и безобразна измама: Старица од Битола стана жртва на голема лага

Дрска и безобразна измама: Старица од Битола стана жртва на голема лага

На 2-ри април во СВР Битола, 82-годишна жена од Битола пријавила дека истиот ден околу 10:30 часот била измамена од непознато лице.

Според пријавеното, во нејзиниот дом во Битола лицето и понудило огревно дрво по цена од 2500 денари за метар кубен.

Таа му дала 10.000 денари, а тој требало за 20 минути да и донесе четири метри кубни огревно дрво.

Лицето не се појавило подолго време и таа заклучила дека била измамена.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Коронавирус