четврток, 9. јули 2020. Вести денес: 58
МЕГА БОМБА

ВИДЕО: Тежок меѓународен блам на Заев, лажеа дека спречиле хибриден напад, а Заев пред пранкери го напаѓа Макрон, затвора аеродром, ќе населува мигранти

home Вести

Драмски театар ја подготвува комеморацијата за Стефановски, датумот дополнително ќе биде соопштен

Драмски театар ја подготвува комеморацијата за Стефановски, датумот дополнително ќе биде соопштен

Драмски театар соопшти дека во соработка со други институции ја подготвува комеморацијата за големиот Горан Стефановски.

-Сметаме дека најмалку што можеме да направиме за Мајсторот, е достојно да го подготвиме овој чин. Во координација со неговото семејство датумот за комеморацијата ќе биде дополнително определен по нивното пристигнување во Р. Македонија. Драмски театар Скопје, подготвува и серија настани со кои ќе се обидеме да доловиме бар сегмент од неговото творештво. Ќе бидат опфатени повеќе сегменти како изложба на фотографии од неговите претстави, интервјуа со Горан Стефановски, прикажување на снимки од театарски претстави, драматуршки разговори/работилници „Дебармаало и Горан“…, се вели во соопштението.

Распоредот на настаните ќе биде објавен следната недела.

Парламентарни избори 2020