четврток, 28. јули 2022. Вести денес: 181
home Вести

Драматична акција во Македонија: Спасени изгубени дехидрирани и снеможени велосипедисти!

Драматична акција во Македонија: Спасени изгубени дехидрирани и снеможени велосипедисти!

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека денеска во драматична спасувачка акција се спасени два велосипедисти, многу дехидрирани и снеможени кога биле пронајдени во суровиот предел без вода, коишто после скопското село Кожле, залутале во пределот по многуте ридски патчиња, барајќи ја старата црква и гробишта надвор од селото.

Живописната црква и гробишта се на неколку километри пред, односно над, реката Пчиња оградени со камена ограда, но и со вегетација којашто ги затскрива од поглед. Акцијата за спасување е кооринирана и во директна комуникација на ЦУК и со изгубените и со припадниците на Министерството за внатрешни работи – Полицијата и со Брзата помош.

Конкретно, денеска во еден од најтоплите денови во овој период, преку 112, по добивањето на информацијата околу 15:00 часот, од Секторот за операции и координациј во ЦУК веднаш биле активирани искусните оперативни дежурни рботници од Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Град Скопје.

Биле лоцирани изгубените и дехидрирани велосипедисти во координација со Полицијата. Оперативците од ЦУК биле постојана комуникација и со тимот полицајци на терен и со изгубените велосипедисти коишто покажувале се повеќе и поголеми знаци на голема дехидрација и снеможеност, дури и преку слабениот говор при комуницирањето преку телефон.

Тимот полицајци само до некаде можел да оди со теренско возило, а потоа два припадника на полицијата продолжила пешки да трагаат по изгубените, со кои стапиле во телефонски контакт. Полицајците пешки и самите изморени од многу топлото и спарно време, но упорни во потрагата за да спасат човечки животи, ги пронашле изгубените велосипедисти живи и здрави, околу 16:00 часот, но многу дехидрирани и снеможени, бидејќи ја испиле сета вода што ја носеле, а биле на терен цел ден.

Затоа паралелно е контактирано со Брза помош за да дојде, додека ги извлекуваат, на договорена точка со спасувачкиот тим полицајци, на прооден пат за амбулантно возило, медицински да бидат згрижени и третирани во покус временски период.

-Припдниците на МВР, во оваа случка покажал големи квалитети и упорност, за да ги спасат изгубените во нашата, но сепак опасна природа при многу топло време, а и за да го скусат времето на пружање помош, односно што побрзо да ги извлечат изгубените за да добијат на време медицинска помош. Додека Ве информираме, би требало  целата акција да е завршена според податоците и информациите на ЦУК од координацијата на драматичната спасувачка акција во пределот после с.Кожле се наведува во соопштението од ЦУК.

Коронавирус