сабота, 11. јули 2020. Вести денес: 0
МЕГА БОМБА

Еве ја целата листа: Речиси цело семејство Заеви, министри, градоначалници и функционери на СДСМ добија кривични од Боки 13

home Вести

ДРАМАТА ВО ГОБ 8 СЕПТЕМВРИ ПРОДОЛЖУВА: Приведени шест лица кои и се заканувале на докторката- еден од нив со коронавирус

ДРАМАТА ВО ГОБ 8 СЕПТЕМВРИ ПРОДОЛЖУВА: Приведени шест лица кои и се заканувале на докторката- еден од нив со коронавирус

Шест лица вечерва се приведени во полициската станица Гази Баба поради инцидент во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје.

Како што информираат од болницата, инцидентот се случил кога роднини на почината 60-годишна пациентка од КОВИД-19 се обиделе да го земат телото на починатата и упатиле закани на докторката.

Еден од приведените бил позитивен на коронавирусот и тој е спроведен во полициска станица со специјални протоколи.

Починатата пацинетка пет дена била на респиратор во ГОБ „8 Септември“. Согласно протоколите починатите пациенти од КОВИД-19 ги подигнува специјална екипа од погребалното претпријатие Бутел опремена со скафандери и друга специјална опрема.

Парламентарни избори 2020